Трета среќа за Македонија: Одбојкарите го напаѓаат врвот во Европската лига

984

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 19:00 часот во арената во Копенхаген ќе го одиграат големото финале во Европската лига.

Противник ќе им биде селекцијата на Украина која вчера на фајнал-фор турнирот во Данска успеа да ја победи селекцијата на Шведска со 3:2, идентичен резултат со кој нашите „Спартанци“ го елиминираа домашниот состав на Данска.

Нашата селекција трет пат по ред ќе игра во решавачката битка за победничкиот пехар. Претходно, во два наврати, загубивме од Естонија и Словенија. Капитенот, Никола Ѓорѓиев, по вчерашната голема победа во полуфиналето потенцира дека е горд на тимот кој има фантастична серија во сезонава од седум победи.

„Сакаме да го освоиме златото против Украина. Се надеваме на трета среќа“, вели коректорот во редовите на Македонија.