Тренерот на МЗТ длабоко разочаран: Срам ми е!

347

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров призна дека се срами од поразот кој Црвена звезда му го нанесе на неговиот тим со дури 39 поени разлика и не може да поверува колку малодушно одиграле неговите кошаркари.

МЗТ Скопје доживеа дебакл на гостувањето кај Црвена звезда откако загуби со 112:73. Тренерот, Александар Тодоров вели дека се срами од овој пораз.

„Зневме дека Црвена звезда е подобрата екипа, не гледам кој и од посилните екипи би можел да победи во оваа сала па намерно решив да направам некои промени во тимот. Но не можев ниту да помислам дека ќе излеземе на теренот со ваква малодушност против екипа што игра во Евролигата. Но ниту во најлошиот сон не можев да помислам дека натпреварот може да заврши со 39 разлика, поготово што они во второто полувреме играа со резервни играчи“, изјави Тодоров и додаде:

„Овие играчи кои денеска играат обично не играат во јадранска лига, играат во домашно првенство и денеска видоа зошто е тоа така и каде е проблемот. Се што знаевме денеска покажавме. Мене ми е срам“.