Треневски задоволен: Имаме активен резултат, во Минск одиме да играме за следна фаза

672

 

Работнички денеска успеа со крајни напори да дојде до изедначување во 91 минута против Динамо Минска, па на гостувањето во Белорусија, ќе се обидат да остварат добар резултат, кој ќе им гарантира пласман во следната фаза.

Сигурно дека нема да биде лесно, со оглед на пореномираниот противнико кој го имаат „романтичарите“, но како тимот, така итренерот Треневски, најавува борба, односно дека резултатот им гарантира се уште борба за следната фаза.

Ако земеме во предвид како се одвиваше натпреварот, треба да бидеме задоволно од конечниот исход, кој ни дава надеж. Ние имаме активен резултат пред реваншот во Минск“.

Јасно е дека Шиков многу ни недостасува, но тоа беше очигледно на оваа средба. Задоволен сум што одигравме со срце, дури и во моментите кога имавме играч помалку. Што се однесува до реваншот, во Минск одиме со желба да се пласираме во следната фаза“, истакна Треневски на пресот по мечот.