Трезеге не е баш расположен со идејата Мбапе ова лето да направи трансфер

781

Некогашниот напаѓач на Јувентус, даде свое стручно мислење за новата фудбалска сензација, тинејџерот од Монако, Кулиан Мбапе, за кого се заинтересирани повеќе екипи.

Мбапе деновиве се поврзува со трансфер во Реал или Јувентус, екипи кои останаа како најсериозни претенденти за неговиот потпис, но Трезеге смета дека Мбапе е далеку од тие две екипи, пред се поради тоа што е се уште недоволно искусен, и дека мора да помине извесен период за да биде комплетен играч.

Сите знаеме за вештините на Мбапе и колку е тој квалитетен играч. Тој е свесен за неговите квалитети и свесен е дека има само 18 години. Има добри шанси да се докаже во Монако, затоа што тоа е убав град, а академијата на овој клуб е страшна“.

Но сепак, мислам дека работите во фудбалот одат пребрзо, еве како на пример трансферот на Марсијал во Манчестер Јунајтед. Се разбира тоа екомонски е доста важно за клубовите, но мислам дека работите треба природно да се одвиваат. Мислам дека Мбапе треба се уште да се докажува во Монако, па потоа да направи трансфер“, констатира Трезеге.

Младиот француски фудбалер во овој момент на трансфер пазарот во Европа се проценува на некои 80 милиони евра.