Требаше да биде дерби, а испадна симултанка: Талески и Рајн Некар го преземаа врвот во Германија

1644

Се очекуваше дека тоа ќе биде ракометно дерби помеѓу Рајн Некар и Фуксе Берлин, но конечниот резултат открива дека тоа била симултанка на „лавовите“.

Филип Талески со своите соиграчи извојуваа висока победа против Фуксе Берлин со резултат 37:23, па целосно го крахираа противникот, кој никако неможеше да ја пронајде својата игра и форма.

Талески на оваа средба постигна еден гол за неговата екипа, а победата на Рајн Некар во ниту еден момент од мечот не беше доведена во прашање.

Со оваа победа, Рајн Некар сега е лидер на табелата, токму пред Фуксе Берлин со поен предност.