Трансфер операцијата на Барселона: Ќе продадат десет играчи и за 200 милиони евра ќе го купат тоа што им треба

3279

Каталонците пред себе имаат тешко лето во кое мораат да ги исправат претходните грешки.

Барселона ја започнува својата летна операција, односно распродажба на сите непотребни играчи и оние без кои можат да „преживеат“ се со цел од нивната продажба да заработат за посакуваните засилувања.

Што се однесува до засилувањата, пресметките на Барселона се јасни. Потребни се 200 милиони евра за доаѓање на три засилувања, а тоа се Марко Верати, Ектор Белерин и Осман Дембеле.

Верати и порача на управата на ПСЖ дека сака да си оди во Барселона и подготвен е да оди до крај, Белерин го чека расплетот со ситуацијата на Европското првенство до 21 година, а и Осман Дембеле не е премногу воодушевен со ситуацијата во Борусија Дортмунд по заминувањето на Томас Тухел.

Сепак, и покрај желбата на фудбалерите да заиграат во Барселона, Каталонците ќе имаат голем проблем поради фактот што претходно ќе мораат да се ослободат од десетмина играчи и нивните плати, бидејќи токму тоа е најголемиот товар на буџетот на Барселона.

Новиот тренер Ернесто Валверде и соопштил на управата на клубот дека ќе му даде шанса на Андре Гомеш, кој ќе има нова улога и најверојатно ќе биде алтернатива за Бускетс, а поправен ќе добие и Пако Алкасер. Тие двајцата не ги оправдаа вложените пари минатото лето, но сепак ќе имаат прилика да се докажат повторно.

На листата за „отстрел“ се Жереми Матје, Алеиш Видал, Рафиња, Арда Туран и Лукас Диње, како и петмината играчи кои се враќаат од позајмиците – Томас Вермален, Сержи Сампер, Даглас Переира, Мунир Ел Хадади и Кристијан Тељо. Проблем би можело да претставува фактот што ако си заминат Диње и Видал, тогаш ќе нема алтернативи за десната и левата бековска позиција, бидејќи во тој случај Алба ќе биде без конкуренција, а и Белерин ако се врати во својот матичен клуб.

Барса најголемиот дел од парите може да ги заработи од продажбата на Туран и Рафиња од кои планира минимални приходи од барем 55 милиони евра, но не треба да се заборави дека клубот ќе ја растовари касата од платите на овие десет играчи.

Меѓутоа, за Барса сега е и проблем што спортскиот директор Роберт Фернандес не може лесно да пронајде заинтересирани клубови за поголемиот дел од играчите, односно оние кои би ги исплатиле обесштетувањата кои ги бараат Каталонците.

Останува да се види од кого Барселона се ќе се откаже, колку пари ќе заработи, а потоа ќе следува и уште потешката задача, дали ќе успее да ги доведе сите тројца играчи кои ги сака Ернесто Валверде.

loading...