Трагедија од фудбалот: Загина репрезентативец на Македонија и играч на Академија Пандев

25047

Доаѓаат ужасни вести од светот на фудбалот, еден од младите играчи на Академија Пандев, кој воедно е и репрезентативец на Македонија во рангот на 15 годишната селекција, Филип Лазаревски, несреќно загина во сообраќајна несреќа.

Талентот кој ветуваше многу, Филип Лазаревски, не успеал да ја преживее вчерашната кобна сообраќајна несреќа во близина на СТРУМИЦА.

Придружуван со уште еден млад дечко, управувале мотори, по што имале сериозен пад, по кој Лазаревски не ја преживеал таа битка.

Тој беше член на репрезентацијата до 15 години, и многумина му претсткажуваа убава иднина во овој спорт.