Трагедија на Апенините: Освојувач на Џиро д’Италија загина на тренинг

617

Италијанскиот велосипедист Микеле Скарпони загина денеска по трагичната несреќа за време на тренингот во близина на својот дом во Филотрано.

Според извештаите од Италија, Скарпони страдал во судир со комбе за време на тренинг со својот велосипед. И покрај брзата интервенција на докторите, немало помош за него.

Неодамна, Скарпони беше именуван за лидер на тимот на екипата Астана Про Тим за претстојната Џиро д’Италија. Токму на оваа трка тој го оствари најголемиот успех и тоа во 2011 година. На крајот од трката, Скарпони беше второпласиран зад Алберто Контадор, но на Шпанецот подоцна му беше одземена титулата поради допинг, па тој беше прогласен за победник.