Трагедија: Навивач на Црвена Звезда почина на стадион за време на мечот со Келн

2725

Вистинска трагедија се случи на стадионот „Рајко Митиќ“ вечерва за време на мечот помеѓу Црвен Звезда и Келн во Европа лига.

Како што информираат српските медиуми, на младо момче од Стара Пазова кое било на трибините одеднаш му се слошило.

Веднаш интервенирала итната помош, но на пат кон болница починал, а причините најверојатно се срцев удар.