Тоти дециден: Со играњето е готово, ова е мојот следен чекор

786

Легендата на Рома, Франческо Тоти, потврди вечерва за клупската телевизија на „Волчицата“, дека неговата играчка кариера е завршена, и дека продолжува како функционер на клубот.

Тоти на 28. мај го одигра последниот натпревар за римската волчица, и од тогаш наваму беше неизвесно е во какво својство Франческо Тоти ќе се појави од идната сезона.

Првиот дел од мојата кариера како играч е готов. Сега почнува вториот дел, уште поважен. Почнуваме се од почеток, ми треба време да сфатам која улога ми одговара најмногу. Целосно се ставам на располагање на клубот, од млади играчи, па се до претседателот на клубот. Сега одам чекор напред, и подготвен сум за тоа. Како ќе ме нарекувате? Па Франческо, како и сега“, истакна Тоти.