Тотенхем ќе биде шампион – но само доколку го донесат овој играч

2750

Поранешниот стратег на Тотенхем, Мартин Јол, е импресиониран од последната сезона на Спарси, и смета дека само еден играч на една позиција им недостига за големиот успех во Премиер лигата.

Тој е импресиониран од начинот на кој Маурисио Покетино го води Тотенхем, и верува дека со мали корекции идната сезона, Тотенхем конечно може да завладее во Англија.

Доколку Тотенхем успее да донесе еден класа играч на лето, можат конечно да бидат први во Англија. Сметам дека позицијата на која се дефицитарни е крилната позиција. Доколку успеат да донесат играч од типот на Хазард или Марез, тогаш може да бидат шампиони. Доколку успеат да донесат квалитетни крила, Тотенхем ќе биде шампион“, смета Мартин Јол.

Холандскиот стратег во минатото, Тотенхем го водеше во периодот од 2004 до 2007.

Тотенхем сезонава навистина како и минатата сезона, покажа одлични перформанси и неверојатно брз фудбал, но повторно им недостасуваше онаа мала нијанса која ја имаше сезонава Челси.