Толку беше: Шут-карта за Заре Марковски од Трабзон

282

Поранешниот селектор на македонската репрезентација Заре Марковски повеќе не е тренер на Трабзон.

Турскиот прволигаш има само три победи во досегашните 11 кола од домашното првенство што не одговара на амбициите на клубот од пред почетокот на сезоната. Во моментов е во низа од четири порази и многу лесно може да дојде до зоната за испаѓање.

И покрај отказот од Трабзон, Заре Марковски не останува без работа бидејќи и натаму е селектор на романската кошаркарска репрезентација.