Тодоров: Сами влегуваме во вакви кризи, сами да излеземе, задоволен сум само во еден сегмент

317

МЗТ Скопје вчера доживеа нов пораз во АБА првенството, овој пат од екипата на Мега Бемекс на домашен терен.

Металците лошо го отворија натпреварот, Мега играше по својот ритам и го диктираше резултатот. На крајот од мечот МЗТ Скопје се обиде да стори нешто повеќе со тоа што стопи повеќе од 10 поени негатива над противникот, но сепак тоа беше преголема разлика за така лесно Мега да испушти сигурна победа.

По мечот, тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, истакна дека е задоволен само во еден сегмент од играта, во последната четвртина.

Уште еднаш покажавме дека 30 минути не можеме да играме кошарка, единствено добра, или млака беше последната четвртина, каде со некои напори ја намаливме предноста на Мега, но не успеавме да ги стигнеме“.

Сепак, Мега е сериозна екипа во ова натпреварување, задоволен сум само од тој налет во последната четвртина. Но искрено, за губивме од директен конкурент на оваа средба“, истакна Тодоров.

Следното коло за МЗТ Скопје гостување кај Олимпија во Љубљана на 12 ноември.