Титула во Њујорк го носи Федерер на првото место на АТП листата

575

Денеска во Њујорк почнува новото издание на УС Опен кое ќе биде најсиромашно последните години.

Причина за тоа е отсуството на најуспешните тенисери во поблиското минато Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ кои се откажаа поради повреди, а ќе го нема ниту бранителот на титулата Стен Вавринка. Затоа, тука се двете тениски легенди Рафаел Надал и Енди Мареј кои ќе имаат нова меѓусебна битка, сега за многу повисоки цели.

Од минатата недела Надал е на чело на АТП листата, но далеку од тоа дека е сигурен на тоа место. Разликата меѓу него и Федерер изнесува 500 бода кои Швајцарецот може да ги надополни во Њујорк. На последниот Гренд слем во сезоната тој не брани ништо од лани затоа што и не учествуваше, па со евентуална титула сигурно ќе биде прв на 11 септември.

До челната позиција може да стигне и на друг начин, но тука веќе зависи од пласманот на Надал. Шпанецот брани 180 бода и ако испадне во полуфиналето, а Федерер стигне до финале, тогаш повторно ќе има промена на челната позиција. Интересно е тоа што според шемата, нивниот дуел е можен токму во полуфиналето, па ако дојде до него, односно нема изненадувања, тоа ќе биде директна пресметка за првото место на АТП листата.

Иако ветерани, токму Надал и Федерер ги освоија сите три досегашни Гренд слема оваа сезона. Еднаш играа и во финалето и тоа во Мелбурн каде поуспешен беше Федерер.