Тешка катастрофа на Саинс на патеката Сузука (ВИДЕО)

659

Шпанскиот возач на Торо Росо, Карлос Саинс доживеа тешка катастрофа на тренингот пред трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука.

Тој не успеа да го исконтролира својот болид при еден излез од левата кривина по што се удри со предниот дел во заштитната ограда. За среќа, не дојде до посериозна повреда при судирот освен што болидот е речиси целиот смачкан.