Теодосиќ со најскап договор во историјата?

1400

Милош Теодосиќ  би можел да стане најплатениот играч во историјата на европските лиги, доколку ја прифати понудата за продолжување на договорот која му ја нуди неговиот сегашен клуб ЦСКА Москва.

Рускиот тим му понудил на српскиот кошаркар 12 милиони евра за потпис на три годишен договор.

Теодосиќ во моментов одмара и не размислува за кошарка, иако му претстои значајна одлука дали да ги напушти “Армејците“ и да се обиде во НБА лигата. Се шпекулира дека преку Атлантикот би можел да добие три годишен договор вреден 25 милиони долари. Сооглед на тоа дека плејмејкерот има 31 година јасно е дека ова е последна шанса за настап во најквалитетната кошаркарска лига на планетава.