Тензиите ќе спласнат – Донарума сепак рече „ДА“ за нов договор со Милан, но под свои услови

2191

Работите во Милан полека доаѓаат на своето, младиот голман Џиџи Донарума, по бурниот период со „Росонерите“, веројатно повторно ја спушта тензијата за следната сезона.

Сега познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марзио, тврди дека Донарума се договорил со Милан и со неговиот агент Раиола, дека и следната сезона ќе ги брани боите на Милан, но и тоа дека следното лето би размислувал за трансфер.

Секако под такво сценарио, платата на Донарума ќе биде тројно поголема од сегашната, што се импресивни бројки за еден 19 годишен голман.

Но доколку тој успее да го испочитува целиот (5 годишен) договор со Милан, како што најавуваат медиумите, тој ќе заработи 50 милиони евра.

Се најавува дека во договорот кој ќе биде потпишан, ќе има посебна клаузула која на младиот голман ќе му овозможи да замине кога ќе посака.