Темелков „кине“ мрежи и на 37 години – најефикасен во победатa над Шахтјор

516

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Владимир Темелков и во четвртата деценија од животот и понатаму игра на високо ниво.

Десното крило кое има 37. години веќе неколку сезони ги брани боите не Каерјенг од Луксембург, а притоа игра на високо ниво што го потврди уште еднаш во победа над Шахтјор од Украина.

Првиот меч во рамки на второто коло од Челинџ Купот се одигра вчера, а тимот на нашиот интернационалец, Каерјенг славеше со 32-30. Токму Темелков со 5 гола беше прво име во редовите на екипата од Луксембург во чии редови ист број на погодоци постигнаа уште четири ракометари.