Темелковски го скрати списокот, познат составот кој ќе не претставува на СП во Алжир

1212

Селекторот на младата ракометна репрезентација на Македонија, Илија Темелковски го скрати списокот на ракометари со кои ќе патува на Светското првенство во Алжир.

Од 19 отпаднаа 3 имиња, стаува збор за Марко Кизиќ Михаил Аларов и Мартин Серафимовски. Играчите денеска тренираат во Скопје, а утре змаинуваат за Катар. Во Доха, со врсниците од оваа земја, тие ќе одиграта контролни натпревари пред заминувањето на северот од Африка каде ќе бидат дел од ракометнито Мундијал за играчи до 21 годна.

За Алжир се патува на 17-ти овој месец, а Македонија во група разигрува со Русија, Шпанија, Бразил,Тунис и Бурника Фасо.