Тежок удар за Арсенал: Санчес ги напушта “топчиите”!?

4644

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес ги шокира навивачите на клубот откако најави дека е можно да го напушти тимот ова лето.

Причина за тоа, како што рече, е неговата желба да игра во Лигата на шампионите. Познато е дека Арсенал не успеа да обезбеди пласман во елитното натпреварување, првпат по пауза од 20 години и тоа може да биде голем проблем.

“Сакам да играм во Лигата на шампионите. Одлуката не зависи од мене, но таква е мојата желба”, изјави Санчес.

Во моментов, тој е во татковината бидејќи доби продолжен одмор по настапот на Купот на конфедерациите. Пред неколку недели актуелен беше неговиот можен трансфер во Манчестер Сити, а заинтересиран е и ПСЖ – двата учесници во Лигата на шампионите.