Тежок удар за автомото спортот: Формула 1 останува без една од најславните патеки

1985

Судбината на Формула 1 трката во Велика Британија е под голем знак прашалник откако сопствениците на патеката во Силверстоун најавија излез од овој спорт.

Иако имаат договор до 2027 година, Британците ја активираа клаузулата според која можат да излезат во 2019 година. Причина се се поголемите трошоци кои растат по пет проценти секоја година. Според новиот договор, првата тргка организаторот го чинела 12 милиони фунти, а онаа последната би се качила до 26 милиони.

Трки од Формула 1 на патеката Силверстоун се возат од 1948 година со тоа што во неколку периоди имало трки паралелно и на други патеки во Велика Британија. Поради тоа, ова не значи дека островската држава би останала без Голема награда во Формула 1, туку само дека таа нема да се вози на Силверстоун.