Таков е модерниот фудбал: Лани беа шампиони, годинава се молат за топ4

647

Плејмејкерот на Челси и еден од најдобрите 10 играчи во светот, Еден Азар, смета дека за неговиот клуб од круцијално значење ќе биде оваа сезона да завршат во топ4 и да се пласираат во ЛШ за идната сезона.

Тимот на Антонио Конте откако минатата сезона ја изгаза конкуренцијата во Премиерлигата и ја освои титулата, сезонава мака мачат и грчевито се борат за место во топ4 во ваква конкуренција.

Белгискиот интернационалец беше најзаслужниот играч на Челси за последната победа, но и тој потенцира дека за Челси главен приоритет е топ4 сезонава, што не беше случај минатата сезона.

„Имаме одлични играчи во тимот, мора да завршиме во топ4 сезонава, тоа е нашата цел. Имаме уште 11 натпревари пред нас, мора да дадеме се од себе за да ја оствариме целта“.

„Сите сме заедно обединети, мора да работиме заедно и заедно да победуваме. ЛШ е нашата дестинација, ние таму припаѓаме, затоа ни е потребен финиш во топ4. Нема да биде лесно, но сигурно дека ќе сториме се што е во наша моќ“, изјави Азар.