Така тоа го прави господин Дивац: Соиграчот на Антиќ ќе игра за Сакраменто Кингс

1658

Соиграчот на Перо Антиќ од Фенербахче, српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ, денеска и официјално потпиша договор со Сакраменто Кингс.

Договорот е потпишан на три години, а таму најголеми заслуги во клубот, сигурно дека има сонародникот на Богдановиќ и легенда на НБА, Владе Дивац.

Српскиот кошаркар во друштво на Дивац, присуствуваше на мечот на својот нов клуб во летната НБА лига во Лас Вегас, а претходно ги прошета соблекувалните, стадионот и се запозна со сите важни луѓе во клубот.

Подготвен сум и полн со самодоверба. Одлуката не беше лесна, затоа што овде мора да бидеш физички и психички подготвен. Кога ја освоив Европа, бев сигурен дека мојот следен чекор е НБА. Сега е вистинското време за овој потег“, истакна Богдановиќ.