Тажна вест од Кина: Почина поранешниот голман на Тетекс

3965

По долго боледување, вчера на 58-годишна возраст во Кина почина поранешниот голман на Тетекс, Душан Томиќ.

Роден во Рума, Томиќ во 80. години на минатиот век помина три сезони во тетовскиот клуб, а таму ја почна и тренерската кариера во 1994 година. Подоцна, една сезона седеше и на клупата на Љуботен, а најголем дел, 13 години помина во Кина како тренер на голманите.

Погребот на Томиќ ќе се одржи утре во родниот град.