Суровиот професионализам во НБА: Ја скрши ногата, па доби отказ од клубот

500

НБА лигата одамна е само голем бизнис.

Играчите од сезона во сезона се се поплатени, а оние кои попат ќе направат грешка често не добиваат втора шанса за докажување во најсилната кошаркарска лига на светот.

Кошаркарот на Феникс Санс Ајзеа Канаан доби отказ во тимот на Аризона само 10 дена откако доживеа тешка скршеница на ногата поради која ќе мора да оди на повеќемесечна пауза.

Но, ако нешто ќе го утеши, тогаш тоа е фактот дека Санси ќе му исплатат нешто повеќе од милион долари за оваа сезона. Исто така, најавија дека Канаан ќе го чека место во претсезонскиот тим каде ќе има шанса повторно да се избори за место во тимот.

НБА лигата, така уште еднаш покажа дека е исклучително сурова. Клубовите немаат милост кон играчите, па дури и за оние кои буквално своето здравје го оставиле за нив на теренот.

Канаан одигра 20 натпревари за Санси сезонава и просечно постигнуваше 8.6 поени и четири асистенции по натпревар.