Судбина: Дарко Станиќ – миленикот на Металург денес вози такси во Белград

5120

Поранешниот миленик на навивачите на Металург, одличниот српски голман Дарко Станиќ се чини доживува тешки денови во животот.

Наши извори од Белград ни открија дека искусниот Станиќ се соочува со финансиски проблеми кои го навеле да започне со нова работа во последниот месец, а тоа е возач на такси. Од нешто мора да се живее, па работа си е работа.

Неофицијално, финансиските проблеми настанале откако Станиќ се решил да инвестира во отпочнување на бизнис, но поради административни проблеми, парите пропаднале.