Стунџиски триумфираше на Охридскиот маратон, Поп Ацев заврши на второто место

529

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои второто место на 31-от Охридски пливачки маратон, додека Германецот Александар Стуџински е победник на маратонот кој денеска се одржа во водите на Охридското езеро.

Во еден интересен финиш каде беа неколку пливачи германскиот натпреварувач Стуџински имаше најдобар спринт и успеа за само една секунда да биде побрз од нашиот Поп Ацев и да го освои првото место. Трет на годинешниот Охридски маратон беше Аргентинецот Гилјермо Бертола.

Стуџински со време од 5:15,145 ја мина делницата од 30 километри од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид.

Во женска конкуренција победи Барбара Позобон од Италија.

„Знаев дека фоколку дојде до ваква ситуација и да има неколку натпреваруваќи во финишот нема да имам добар финиш и затоа сакав во текот на трката да направам предност, но за жал не успеав во тоа. За жал на крајот Стуџински беше поуспешен во финишот“ изјави Поп Ацев по трката. Во женска конкуренција на оваа трка триумфираше италијанката Барбара Поцбон.