Стоилов: Се надевам за реванш против Барселона за поразот во Супер Глоуб

241

Вардар во рамки на 5. коло од Лигата на шампионите, во Скопје го пречекува тимот на Барселона. Тоа е составот кој сезонава му го нанесе единствениот пораз, оној во полуфиналето од Супер Глоуб.

Затоа од таборот на нашиот првак се надеваат дека ќе може да се реваншират за тој пораз, а и притоа би се вратиле на победите по ремито со ПИК Сегед во минатото коло.

„Барселона е една од најдобри екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа единственот пораз на Супер Глоуб турнирот, па се надевам дека ќе го смениме впечатокот и ќе ги победиме на домашен терен. Немаме повредени играчи, сите се желни и подготвени за победа. Се надевам со помош на навивачите дека ќе ја оствариме посакуваната цел. Оваа година немавме проблеми во нападот само против Пик Сегед. Не ги користевме чистите шанси и тоа мораме да го поправиме. Секогаш на нашите натпревари противничкиот голман е најдобриот на терен. Уште минатата година екипите започнаа да не респректираат, а оваа сезона мислам дека добро се носиме со титулата шампиони”, изјави Стојанче Стоилов, капитенот на „црвено-црните”.

Мечот се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 и 30 часот.