Стоилов и Гонзалез едногласни пред дербито со Металург: Ќе биде тешко и интересно како и секогаш

172

СЕХА лигата ќе сведочи на уште едно големо македонско ракометно дерби помеѓу Вардар и Металург. Градските ривали в сабота ќе ги вкрстат копјата во регионалното натпреварување во уште еден вистински ракометен спектакл во Скопје.

Ова за Вардар ќе биде последен натпревар до крајот на годината и „Црвено-црните“ се фаворити против градскиот ривал Металург.

Раул Гонзалес, тренерот на Вардар, порача дека неговиот тим е фаворит, но задачата нема да биде лесна.

Ова е дерби со Металург. Мислам дека ќе биде добар меч, зашто секогаш меѓу овие две екипи има добар натпревар. Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па че го чекаме последниот тренинг. Очекувам интензивен меч како и секогаш. Очекувам публиката да биде во сала. Ние сме фаворит, но треба и така да се однесуваме“, изјави „командантот“ Раул.

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов, порача дека натпреварот ќе биде неизвесен интересен како и секогаш.

Градско дерби и меч со посебен карактер. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога, и нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен караткет. Се надевам дека ќе дојдам повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски“, изјави капитенот Стоилов.

Ракометното дерби ќе има и хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Натпреварот меѓу Вардар и Металург се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.