Стигна потврда, вистина е дека Нејмар сака да ја напушти Барса, еве и зошто…

4889

Каталонските медиуми потврдија дека Нејмар сака да си замине од Барселона за да добие поважна и поголема улога во некој друг тим. Бразилскиот интернационалец одамна е веќе на мета на Париз Сен Жермен, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед  и веќе размислува каде да ја продолжи својат акариера.

На Нејмар му здодеало да биде во сенка на Лионел Меси, а му станало јасно дека работите нема да се сменат откако Аргентинецот ја продолжи соработката со клубот соред која практично на Ноу Кмап и ќе ја заврши кариерата.

25-годишниот Нејмар минатата сезона постигна вкупно 20 гола(на сите натпреврувања) за тимот кој го водеше  Луис Енрике.

Со неговата неодамнешна изјва дека во моментов е многу среќем, но дека никој не знае то ќе се случи утре, тој го испровоцира  ПСЖ, кој одготви неверојатна понуда од 190 милиони евра (160 милиони фунти) за потписот на поранешниот член на Сантош.