Стивенс нова шампионка на УС Опен, за неверојатен скок на ВТА листата

425
Американката Слоун Стивенс триумфираше во женското финале на УС ОПен. Новата шампионка беше добиена по само 60 минути игра, откако по два сета беше совладана сонародничката Медисон Кејс со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0).
Победничката ќе инкасира 3,7 милиони долари, додека поразената во женското финале добива 1,82 милиони долари.
Интересено е што 24-годишната Стивенс кој пред 11 месеци имаше операција на ногата и нејзината кариера беше доведена во прашање ќе има и неверојатен скок на ВТА листата. Таа ќе напредува од 83 на 17.место. До пред само пет недели таа беше на 957.место , но по 15 врзани победи значително го поправи својот пласман.
Ова за Стивенс е петта титула во кариерата, а прв Грен слем трофеј.
Во машкото финале вечрева играат Рафаел Надал и Кевин Андерсон.