Стефановски пред португалски предизвик: Следна цел е патеката Виља Реал

390

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе е исправен пред нов предизвик бидејќи го очекуваат две трки во Виља Реал во Португалија.

„Во тимот владее одлична атмосфера. Се е подготвено за трките на кои очекуваме добри резултати. Оваа трка е многу важна за нас. Ќе се обидам да дојдам до победа. “ вели Стефановски. Утре ќе се возат квалификациите додека в недела ќе бидат главните трки.

Иџе има 33 бода со што се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман во ФИА ЕТЦЦ .Пред него се Фулин со 43 и Шрејбер со 44 поени. По трките во Португалија до крајот на сезоната ќе се реализираат и трките во Хаселт во Белгија од 15 до 17 септември и последната во Мост во Чешка од 6 до 8 октомври.