„Стариот“ и Вимблдон: Федерер до уште едно големо финале на престижниот турнир

780

Роџер Федерер успеа да дојде до уште едно големо финале на Вимблдон, откако денеска во полуфинална пресметка против Томаш Бердих, беше убедливо подобар со 3;0.

Федерер првиот сет го доби со 7:6, вториот исто така на тај-брејк со 7:6, додека во последниот победи со 6:4, И на овој начин докажа дека кога ги нема поголемите тениски имиња на теренот, тој едноставно гази.

Тој е рекордер по бројот на освоени Грен слем трофеи, а збирката може да ја дополни и со евентуално уште еден освоен трофеј на Вимблдон. Швајцарскиот мајстор сега во финале го чека пресметка со изненадувањето на турнирот, Марин Чилиќ.