Ставре Јада обезбеди норма за Олимписките игри во Пјонгчанг

260

По Дарко Дамјановски, уште еден македонски спортист обезбеди норма за претстојните Олимписки игри што ќе се одржат во Пјонгчанг.

Станува збор за 19-годишниот Ставре Јада, натпреварувач во нордиско скијање, кој денеска го освои деветтото место на трката на десет километри во словачкиот зимски центар Штрбске Плесо. Со тоа, Јада ја достигна границата од 97,39 поени (тој сега има 97,44) и си создаде услови за учество на најголемата спортска манифестација во светот.

Зимските олимписки игри ќе се одржат во периодот од 9 до 25 февруари.