Србија ги комплетираше полуфиналистите на Евробаскетот

174

Кошаркарите на Србија се последните патници во полуфиналето на Европското првенство во кошарка.

Тие обезбедија место меѓу најдобрата четворка откако вечерва ја совладаа Италија со 83:67.

Италијанците добро го отворија натреварот беа добар противник, следеше рамноправна борба на теренот, па таков  и беше резултатот по првите 10 минути (18-17).

Селекцијата на Србија првата позначајна предност ја направи во вториот период кога стигна и до позитива од 11 поени, што им донесе предност на полувремето од  44-33.

Тимот на Еторе Месина не успеа да најде расположение ниту по стартот на третата четвртина, Србија константно ја зголемуваше предноста по што беше јасно дека веќе се наѕира противникот.

Италија не се предаде одигра достоинствено до крајот, иако немаше никаков сомнеж дека Србија ита кон нова борба за медал.

Богдан Богдановиќ беше најефикасен кај победничкиот тим со  22 поени со 6 скока и 4 асистенции, додека кај Италијанцитесе истакна Марко Белинели со 18 поени, Луиџи Датоме доаде 15 поени.

Србија во полуфиналето за противник ќе ја има Русија.