Србите бесни: Ова е катастрофа!

1347

Србија како и во подготовките, така продолжи и со настапите на ЕП. Нашиот северен сосед вчера во балканското дерби беше декласиран од домаќинот Хрватска со десет гола разлика (32-22).

По мечот од таборот на поразената екипа, поточно Петар Ненадиќ истакна дека ова за нив било катастрофа.

„Што да кажам освен тоа дека ова беше катастрофа. Толку се изнервиравме што не знам што да кажам. Беше лошо, но искрено да ви кажам, лесно ми е што изгубивме со десет гола разлика отколку да изгубевме со еден. Мора што побрзо да се заборави ова, да се свртеме кон следниот меч. Се надевам дека научивме нешто од ова“, изјави Ненадиќ.