Србинот се враќа: Ѓоковиќ ќе игра во Индијан Велс, но и во Монте Карло

374

Иако малкумина веруваат, Новак Ѓоковиќ би можел да се врати на терените веќе идниот месец и тоа на Мастерсот во Индијан Велс.

Организаторот го објави списокот на тенисери кои ќе учествуваат на првиот Мастерс во сезоната, а на него го има и Ѓоковиќ. Турнирот се одржува од 8 до 18 март, два месеца откако Србинот го заврши својот настап во Мелбурн и замина на операција.

Она што најмногу ги израдува фановите е информацијата од Монте Карло. Директорот на Мастерсот во кнежевството, Жељко Франуловиќ соопшти дека Ѓоковиќ ќе биде една од ѕвездите на турнирот.

“Надал, Ѓоковиќ, Чилиќ, Зверев, Вавринка и Монфис ќе бидат овде”, најави тој.

Се очекува само уште одлуката на Роџер Федерер кој лани ја пропушти цела сезона на земја.