Специјална изведба на Focus RS

320

Покрај визуелните додатоци на каросеријата и во внатрешноста, вграден е и нов преден диференцијал, со ограничено пролизнување што овозможува уште подобри возни карактеристики.

Од Ford покажуваат дека се грижат за мислењето и ставовите на своите фанови и актуелните сопственици на нивните модели. На форумите, блоговите и на Facebook групите во кои се собираат сопствениците на Ford автомобили во последно време многу се говореше за тоа да се направи лимитирана верзија на Focus RS.

Многумина при тоа, давале совети или идеи во однос на изгледот или, пак за техничките детали, a како сега стојат работите, во Ford тоа го следеле со внимание и решиле да ги остварат желбите на својата публика.

Имено, Ford ќe произведе 1500 парчиња од специјална верзија на Focus RS. При тоа од сериската верзија ќе се разликува по детали во надворешниот дизајн но и во внатрешноста, a зa уште подобри возни својства ќе с погрижи новиот преден диференцијал со лимитирано пролизнување.

Верзијата ќе биде достапна во популарната Nitrous сина, или, црвена боја, a двете верзии доаѓаат со црвен покрив и ретровизори. Пакетот RS2 доаѓа стандардно како и 19-инчните фелни.

Внатрешноста изобилува со карбон, а тука се и Recaro спортските седишта како и греење на управувачот.

„Поминавме многу време слушајќи ги барањата на нашите купувачи и зборувајќи со членовите на клубовите на сопственици на Ford автомобили.Покрај тоа, читавме коментари, предлози, а гледавме и рендери што се појавуваа на интернет. Од сето тоа извлековме заклучок и решивме да го понудиме овој модел “, изјавил Хенри Форд (Henry Ford), првиот човек на маркетингот во Ford Performance одделот.

Под хаубата се’ останува непроменето. Зa погон е задолжен мотор со зафатнина од 2,3– литри-  EcoBoost, со моќ од 350 KS што овозможува одлични перформанси.

За жал оваа посебна изведба на Focus RS ќе биде достапна само на пазарот во САД и Канада, но на интернет веќе се јавија незадоволните Англичани, меѓу кој Focus RS е исто така многу популарен. Останува да почекаме и да видиме дали во Ford ќе ја прифатат и оваа реакција на нивните клиенти и ќе се одлучат да пласираат специјална квота и за Европа.