Спартанците убедливи – Македонија ја нанижа и Шведска за 3/3

2213

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва славеше и над селекцијата на Шведска, и со максимални три победи го заврши турнирот во Европската лига.

Настанот се одржуваше во Скопје, а по победите над селекциите на Азербејџан и Албанија, следна беше и Шведска, која вечер загуби со 3:1 (26:24, 25:17, 25:18, 25:18).

Шведска само во првиот сет имаше посилен притисок, па поведоа со 1:0, но подоцна нашите одбојкари се соземаа и го контролираа натпреварот, а на крајот и убедливо победија.

Следен одбојкарски предизвик за нашата репрезентација е настапот во Албанија.