Спартанците ги дознаа противниците за квалификациите за Европското првенство

521

Македонската одбојкарска репрезентација денеска на ждрепката ги дозна противниците за престојните квалификации за Европското првенство.

Европското првенство во 2019. година ќе се одржи во четири земји – Франција, Словенија, Белгија и Холандија. Ждрепката за квалификациите се одржа денеска во Луксембург, а Македонија се најде во групата Ф, заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина и Швајцарија.

Ова ќе биде шанса за одмазда против Украинците, кои во јули во финалето од Европската лига не совладаа со 3-1.

Инаку, ова Европско првенство ќе биде проширено, односно наместо 16, ќе има 24 учесници. Покрај домаќините Франција, Белгија, Словенија и Швајцарија, квалификациите ќе ги прескокнат и Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција, кои како најдобро пласирани на ранг листата имаат директен пласман.

Со тоа пополнети се половина места на шампионатот, па преку квалификациите ќе се бркаат уште 12 слободни места. Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првопласираните од седумте квалификациски групи, како и петте најдобро второпласирани репрезентации.

Новина е тоа што квалификациите нема да се играат турнирски како досега, туку по принципот дома-гости со сите три противника, во два термини, август 2018 и јануари 2019. година.