Со 750.000 порачки актуелната Corsa ја продолжува успешната приказна

199

Петата генерација на бестселерот со над 13 милиони Corsa произведени до денес, ја продолжува успешна приказна во пет чина почнувајќи од Corsа A, па се до  актуелниот модел.

Динамична, практична, стилски изразена, петата генерација на Corsa повторно ја презема улогата на best seller на Opel со примени 750.000. порачки за актуелниот модел во B сегментот,што на пазарот е лансиран 2014 та како модерен универзален автомобил што ја продолжува успешната приказна започната со првата Corsa, 1982 година во милиони продадени досега примероци.

-Моделот Corsa e еден од најважните  наши модели во Европа и на неа отпаѓа четвртина од вкупната продажба на Opel. Во зависност од верзијата тоа е совршен модел за поединци, парови, семејства, рекол Петер Кисперт (Peter Küspert), подпретседател на продажба и пост продажба на Opel/Vauxhalla.

Не само што ги освои срцата на купувачите Corsa низ годините собра бројни признанија,вклучувајќи ја тука и неодамнешната титула за „Мал автомобил на годината 2016“  во Ирска, потоа „E Еколошки автомобил за 2016 година“  во Летонија, „Најрационално купување на автомобил  за 2015 година“  и титулата „Шампион на вредноста за 2015“  во Германија, како и AUTOBEST признание за најдобар автомобил во Европа, во однос „вложено – добиено“  во 2015 година. Сето тоа покажува дека Opel Corsa е вистинска „Европејка“.

Постојат добри причини за таквиот успех: Corsa во себе обединува пријатна, модерна атмосфера и забава во возењето со врвни технологии што доаѓаат од повисоките класи на автомобили.

Во малиот bestseler, филозофијата на дизајнот на Opel, „каде вајарството се сретнува со германската прецизност“ e реализирана во блескав комфори модерните системи за асистенција, како и најдобра дигитална поврзаност со Opel OnStarom и IntelliLink инфо-забавен систем.  Портфолиото на Corsa импонира со моќни и ефикасни турбо бензински, турбо дизел и TNG мотори. Односот на цената и  перформансите на целиот проект е супериорен.

Влезот во светот на Corsa e веќе од 11.995 евра, и тоа за модел со спортски изглед, со три врати и мотор од 1,2-литри, со 51 kW/70 ks (потрошувачка на гориво по NEDC:  град 6,7-6,6¹ l/100 km, отворен пат 4,6-4,5¹ l/100 km, комбинирано 5,4-4,3¹ l/100 km, 126-124¹ g/km CO2).

За само 785 евра повеќе, може да се добие простран, повеќе насочен кон семејствата, модел со пет врaти (цена во Германија,со ДДВ).

Opel Corsa: Успешна приказна во пет чина

Прв чин: 1982-1993 година

Како помала сестра на  Kadett, Corsa A дебитира во компактна, куса форма, со должина од 3,62 m и со исклучително низок, веројатно рекорден коефициент на отпор на воздух со коефициент  0,36. Покрај тоа била со нагласени лакови над тркалата во ретро стил. Главниот дизајнер Ерхард Шнел (Erhard Schnell), креирал мал спортски автомобил со остри, делкани линии, со цел да биде „интересен“ за главата на семејството. Главен хит била Corsa GSi со 100 ks, a воведен е и дизел мотор. Производната линија, составена од hech back и noch back модели со две врати проширена е 1985 година,  со популарен примерок со пет врати. Corsa A е пазарно успешен модел со 3,1 милиони продадени примероци.

Втор чин: 1993-2000 година

Наспроти успехот на првата Corsа, во Риселсхајм е одлучено новитетот да се позиционира како „миленик на дамите“. Дизајнерот Хидео Кодама се фрлил на работа и креирал заоблена, помека Corsа, со изразено „чиниести“  фарови. Corsa B била 10 cm подолга и многу попространа внатре. Воведени се и повисоки безбедносни стандарди во сегментот,вклучувајќи и ABS, заштита од страничен судир и предни воздушни перници. За посебни пазари, покрај „hech back, Opel повторно понудил noch back, како и караван и  pick-up варијанта. Бензинските мотори веќе тогаш имале технологија на електронско вбризгување на гориво и катализатори, GSi добил 16 вентила, a дизел моторот турбо полнач. Втората Corsa била глобално успешна и продадена е во четири милиони примероци.

Трет чин: 2000-2006 година

Хидео Кодама (Hideo Kodama) повторно е замолен да ја дизајнира формата на Corsа C. Стајлингот свесно бил насочен кон успешниот претходен модел. Новата Corsa повторно порасна за 10 сm во должина. Покрај тоа имала и поширока става и подолго растојание помеѓу оските, што резултира со поголема пространост внатре. За прв пат каросеријата во целост е поцинкувана. Софистицираните ECOTEC бензинци со четири вентили по цилиндер и новите турбо дизел мотори со директно вбризгување  на гориво, обезбедиле посилна погонска база, ниска потрошувачка  на гориво и најниски вредности на емисија на издувни гасови- сите верзии веќе тогаш биле во согласност  со строгите Euro 4 стандарди. Corsa C исто така имала успех на пазарот – продадена е во 2,5 милиони примероци.

Четврт чин: 2006-2014 година

Како и кај  Corsа B, верзиите со три и со пет врати тргнаа по одвоени патишта: Corsa со три врати имала единствен дизајн во стил на coupe, целејќи кон спортски ориентираните купувачи, баш како и  Corsa A. Верзијата со пет врати станала по пространа, вистински семеен автомобил. Corsa D била само малку покуса од четири метри. Со ecoFLEX технологијата на Opel, располагала и со Start/Stop систем за заштеда на горивото и со многу ефикасни мотори. Четвртата генерација се пласирала, на пазарот во 2,8 милиони единици.

Петти чин: Od 2014 година

Со 750.000 нарачани, до сега, примероци, петата генерација на Corsа исто така се произведува во фабриките на Opelovim во Сарагоса и во Ајзенхау, во верзии со три и со пет врати.

Ајзенхау е исто така и место каде се произведува и Opel ADAM семејството, така да Corsa има и помали „браќа“ исто како што некогаш Kadett ја имал Corsa.