Со крајни маки: Кожув, последен во редот за пријава во прва лига!

738

Гевгелиската екипа КК Кожув, кој во изминатите неколку сезони, беше во врвот на македонската кошарка, барем до денеска, висеше околу прашањето дали ќе испрати пријава за играње во првата кошаркарска лига.

До први септември, од десетте прволигаши, само Кожув беше екипата која немаше пратено пријава до МКФ за играње во првата кошаркарска лига, но сега и тоа е апсолвирано, и веројатно барањето на Кожув ќе биде прифатено да се натпреварува во сезоната 2017/18.

Се уште не е познато кој ќе ги сноси најголемиот дел од трошковите на клубот за претстојната сезона, но гевгелиската екипа испратила пријава.

Интересно е тоа што сезонава, ќе имаме две екипи од Гевгелија во првата кошаркарска лига, другиот клуб е новајлијата КК Блокотехна, клуб создаден и подигнат од поранешниот генерален спонзор на КК Кожув, Томица Главчев.