Со Ибра никогаш не е досадно: Тој си додели нов интересен прекар

3785

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ, е познат по честите и специфични изјави кои ги дава за медиумите, тој во минатото се прогласуваше за принц во Париз, а сега во Јунајтед си даде нов прекар.

„Црвените ѓаволи“ вчера го победија Сент Етјен во рамките на првиот осминафинален натпревар во Лига Европа со 3:0, а сите голови беа дело на Ибрахимовиќ, кој гледајки низ историјата, го решета овој клуб каде и да стигне.

За да биде уште поинтересно, тој денеска си даде нов прекар, овој пат славниот лик од филмовите.

Јас сум како Индијана Џонс. Каде и да играм, освојувам титули и победувам. Навистина е убаво да се даде хет-трик за Јунајтед. Најважно ни беше да оствариме добар резултат пред реваншот. Вистина е дека против нив сум постигнувал многу голови, но се надевам дека тоа ќе го сторам и следната недела во реваншот“, истакна Ибрахимовиќ по вчерашната средба со Сент Етјен.

Јунајтед доколку не успее преку топ4 во Англија да обезбеди ЛШ фудбал, Мурињо е свесен дека единствена карта за влез во најквалитетното фудбалско првенство во Европа, му е само победа во финалето од ЛИга Европа.