СОСТАВИ: Станојковиќ го изротира составот, Митровски и Тодороски сепак во У19

440

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска го игра последниот натпревар од претквалификациите против репрезентацијата на Лихтенштајн која нема никаков резултатски значај за нас, бидејќи со победите против фаворитите Швајцарија и Белгија, нашите репрезентативци го обезбедија местото во Елитните квалификации.

Поради тоа, селекторот Вујадин Станојковиќ му отстапи тројца првотимци на селекторот на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски, а тоа беа Елиф Елмас, Димитар Митровски и Тодор Тодороски. Сепак, Милевски се одлучи единствено за Елмас да се најде во стартниот состав, а останатите двајца се вратија во У19.

Токму Димитар Митровски ќе се најде во стартниот состав за денешниот натпревар со Лихтенштајн, а Станојковиќ одлучи да го изротира составот и да им даде шанса и на останатите играчи кои имаа помала минутажа или воопшто не настапија на претходните дуели.

Македонија (4-2-3-1): Стевковски – Ристовски, Стоименовски, Митрев, Антовски – Фазлагиќ, Атанасов – Ферукоски, Митровски, Чурлинов – Колевски.

Лихтенштајн: (4-5-1): Мајер – Грабер, Зиман, Хилти, Чуп – Грабер, Фромелт, Фрик, Груненфелдер, Микус – Фогт.