СОСТАВИ: Милевски со Елмас во тимот атакува на победа против Австрија

273

Селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, го одреди стартниот состав за квалификацискиот натпревар против Австрија кој се игра од 13:00 часот на арената „Филип Втори“.

Претходно, Милевски доби тројца играчи од репрезентацијата до 19 години кои беа прекомандувани кај „постарите“, а од нив единствено Елиф Елмас ќе се најде во стартниот состав, кој ќе делува во средниот ред. На официјалниот сајт на УЕФА стартниот состав на Македонија е нешто поинаков од она на што сме навикнати, или сепак можеби Милевски подготвува тактичко изненадување за противникот, па така, на пример, Тихомир Костадинов е поставен како десен бек, иако станува збор за офанзивен играч за врска, додека Бесир Исени ќе игра како лево крило, иако е класичен централен играч за врска.

Милевски се одлучи за стандардната 4-2-3-1 формација, а во составот се најдоа: Ристо Јанков – Алекс Симовски, Константин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, Тихомир Костадинов – Елиф Елмас, Никола Кулески – Бесар Исени, Бобан Георгиев, Емил Абаз – Ремзифаик Селмани.

Резерви: Илиќ, Иљази, Кривањева, Петковски, Садики, Стојановски, Здравковски.

Селекторот на Австрија, Грегорич се одлучи за следниот состав: Гартлер – Инголич, Марешиќ, Вобер, Улман – К. Баумгартнер, Лајмер – Хорват, Д. Баумгартнер, Хонсак – Јакуповиќ.

Интересно е што селекторот Милевски и покрај тоа што доби тројца фудбалери од репрезентацијата до 19 години, сепак се одлучи само Елиф Елмас да се најде во стартниот состав, додека Митровски и Тодороски се вратени во репрезентацијата до 19 години, која исто така денеска во ист термин (13:00 часот) го игра последниот натпревар од квалификациската група против Лихтенштајн.