Сонот на Мурињо преточен во листа на желби, а на неа – петмина играчи на Реал Мадрид!

1050

Иако јануарскиот преоден рок заврши пред десетина дена јасно е дека Жозе Мурињо наголемо размислува за тоа кои играчи би можел да ги доведе на „Олд Трафорд“ за следната сезона.

„Црвените ѓаволи“ во јануари го доведоа Алексис Санчез од Арсенал, но јасно е дека ќе им требаат уште неколку звучни засилувања со цел следната сезона да му се спротистават на Манчестер Сити. Листата на желби на Мурињо за трансфери е огромна, но во прв план се најдоа неколку играчи на Реал Мадрид.

Според пишувањата на англиските медиуми португалскиот стручњак на листата на желби за летниот преоден рок има дури петмина играчи од „Кралскиот клуб“. Мурињо е свесен дека ќе мора да ја засили одбраната, а им порачал на челниците на клубот дека во неговите замисли совршено се вклопува Рафаел Варан.

Покрај него, тука е и Марко Асенсио и не е тајна дека „Црвените ѓаволи“ покажале интерес за него. Во средниот ред одлично би дошол и Иско кој би им помогнал на Матиќ и Погба. Исто така, покрај овие играчи, Мурињо не би имал ништо против ако во тимот ги има Тони Крос и Касемиро.

Но, јасно е дека Јунајтед нема да може да ги исполни сите желби на Мурињо, но сигурно е дека Португалецот би бил презадоволен доколку барем еден од овие петмина играчи на Реал Мадрид од лето биде нов член на клубот од „Олд Трафорд“.