Солиден настап и осум бода за Иџе на Хунгароринг

716

Македонскиот претставник во ЕТЦЦ, Игор Стефановски Иџе имаше солиден настап на денешните трки од шампионатот што се возеа на патеката Хуингароринг.

Во првата трка, тој го освои четвртото место и тоа му донесе пет бода, но во втората се случи непосакуван инцидент. Поради лош старт, Иџе доби казна и мораше да помине низ боксот што му одзеде многу време. Во тој момент, Стефановски беше на второто место и имаше големи шанси да дојде до првата позиција, но поради казната заврши дури осми.

Во првата трка, победи домашниот натпреварувач Норберт Наѓ, а во втората Шрајбер од Швајцарија. Во генералниот пласман, Стефановски се наоѓа на петтата позиција со 15 бода.

loading...