“Соколите” не се посрамија во Белград: Циркуски финти на Пери против Партизан (ВИДЕО)

3694

Карпош Соколи одигра еден од своите најдобри натпревари на гостувањата оваа сезона и до крајот не му се предаде на големиот фаворит Партизан.

Освен што загубија со само четири поени разлика, играчите на македонскиот тим на моменти и им “продаваа” кошарка на противниците, а меѓу најубавите потези беше оној на Пери на почетокот од натпреварот. При една украдена топка, Американецот со две финти се ослободи од противничките играчи и поентираше за водство на Карпош Соколи од 15-13.