Соколите доцна се разбудија: Игокеа рутински дојде до победа

515

Нов блед натпревар за Карпош Соколи на гостувањето кај Игокеа, резултираше со нов пораз во 11. коло од АБА лигата. Екипата од Карпош загуби со 79:71.

Соколите и понатаму остануваат без гостински триумф во ова натпреварување и по ова коло, што јасно покажува дека не им оди кога гостуваат.

Карпош Соколи тргна солидно, но потоа како да престанаа да играат кошаркар, па тоа го искористина домаќините од Лакташи да го контролираат натпреварот. На полувреме Карпош Соколи веќе имаше убедлива негатива (50:34).

До крајот на натпреварот „соколите“ не успејаа да направат ништо посериозно, па поразот беше неминовен, единствено што направија, ја намалија разликата која беше на полувреме.

Пери беше најефикасен во составот на Карпош Соколи, следен меч играат против Морнар кој гостува во Скопје.