Совршен крај: Кире Лазаров со трофеј се прости од Барселона

483

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, со трофеј се прости од Каталонците, тој денеска го освои и Копа дел реј во Шпанија.

Во натпревар за трофеј во купот, Барселона беше подобра од екипата на Ла Риоха која ја совлада со 24:29. Ова беше дефинитивно последен меч за Лазаров, по што тој ќе замине за Франција, да игра за Нант.

Кире Лазаров натпреварот го заврши со 3 погодоци, додека и Борко на голот имаше свој удел во победата и освојување на овој трофеј.

По авантурата со Барселона денеска, Лазаров и Борко Ристовски треба деновиве да допатуваат во Македонија, бидејки ги чека квалификациски меч против Украина и Чешка за пласман на ЕП идната година.